AMD Strela

 

Утре започнува купот во далечинско пливање „Дoјрански спортски ракувања 2013“

Утре започнува купот во далечинско пливање „Дoјрански спортски ракувања 2013“
Објавено на: 06 Sep 2013

Пливачката федерација на Република Македонија во согласност со својот план и програма, а во коорганизација на Хотел „Истатов“ и Општина Дојран ќе организираат по втор пат Македонски куп во далечинско пливање „Дојрански спортски ракувања 2013“ на 7 Септември  (сабота)  во 11 часот во Стар Дојран.

Трката ќе се одвива во три категории: 10 километри, 5 километри и 2.5 километри. Покрај маратонот се организира и целодневна програма за сите присутни . Борачи, одбојка на плажа, влечење јаже , детски игри, а за музичкиот дел ќе се погрижи КУД „Ѓорги Абаџиев“ од Нов Дојран.

На настанот покрај претставници од пливачката федерација ќе присуствуваат и градоначалникот на Општина Дојран Борче Стамов, Евгениј Поп Ацев –втор маратонец во свет, и легендите на македонскот пливање Насте Јовановски, Нико Нестор и Дики Бојаџи.

Пливачката федерација на Република Македонија ги поканува сите заинтересирани да дојдат и да земат учество на овогодинашниот куп во далечинско пливање. Исто така ги покануваме сите заинтересирани љубители на пливањето да дојдат и да бидат дел од оваа манифестација.

1. Пријава

2. Согласност

 1

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK