AMD Strela

 

Педесет актери од девет држави во трка за престижната награда на ФКТ „Ристо Шишков“

Педесет актери од девет држави во трка за престижната награда на ФКТ „Ристо Шишков“
Објавено на: 06 Sep 2013

Претставата „Хеда Габлер“ во режија на Звезда Ангеловска на народниот театар од Битола, ќе ја отвори фестивалската сцена на 21 издание на фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица.

Во шестте фестивалски денови кои ќе почнат на 8, а ќе завршат на 13 септември, ќе бидат изведени вкупно 18 претстави од домашните, но и од театрите од 8 странски држави.

fkt

( плакат од ланската програма на ФКТ ,, Ристо Шишков,, )

-И годинава ќе понудиме повеќе содржини за љубителите на театарската уметност, покрај претставите, ќе имаме и три промоции на книги од театарот, ќе имаме и разговори по претставите, ние уште ја негуваме тркалезната маса и верувам дека таа има огромно влијание врз актерите и театарските школи во Македонија. Покрај претставите на големата сцена, на малата камерна сцена и на сцената 112 за експериментални театарски видувања, за прв пат годинава ќе имаме сцена 24 резервирана за мали театарски форми кои ќе се изведуваат по 24 часот, рече Ване Ристов, директор на ФКТ „Ристо Шишков“.

фкт ристо шишков

( минатогодишниот лауреат Никола Ристановски)

Најдобриот актер и годинава ќе ја добие традиционалната награда,  златен медаљон со ликот на Шишков и паричен износ од 1.500 евра, а за него ќе одлучува меѓународна петчлена жири комисија чиј претседател е минатогодишниот добитник на наградата, актерот Никола Ристановски. За оваа престижна награда, годинава ќе се натпреваруваат вкупно 50 актери од Македонија и од осум странски држави.

Општина Струмица и градоначалникот Зоран Заев, како и ЈПКД „Комуналец“ се покровители на фестивалот.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK