Започна трката за единствената награда за високо актерско остварување која го носи името на великанот на македонското глумиште ,, Ристо Шишков,,. Стартот на 21 то издание на фестивалот на камерен театар ,, Ристо Шишков,, го означи претставата „Хеда Габлер“ во режија на Звезда Ангеловска а во продукција на битолскиот народен театар.
Честитајќи го денот на независноста, фестивалот за отворен го означи градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев според кого актерите од земјата и странство имаат преубава причина да бидат исполнети, одважни и горди поради новиот почеток на празнувањето на актерската игра, поради 21 - то струмичко добредојде за актерската фела.
,, Единствениот театарки фестивал посветен на актерот на влезот од третата деценија од својот опстој останува верен на традицијата да ги негува, надградува и продлабочува продуктите на божицата Талија, чествувајќи го големиот актер и големиот македонец Ристо Шишков. Ова е одлична можност уште еднаш на дело да се покаже дека ова парче балканска земја не е почва на одгледување национални суети, туку почва која раѓа уметност за респект,, . рече Заев.
Фестивалот ќе трае до 13 септевмври, а за време на шесте фестивалски денови ќе бидат одиграни 18 претстави во продукција на неколку домашни, но и театри од осум европски држави со околу педесетина актерски остварувања. За најдоброто актерско остварување на 21 то издание на фестивалот на камерен театар Ристо Шишков ќе одлучува петчлено меѓународно жири предводено од минатогодишниот лауреат Никола Ристановски. Традиционално и годинава најдобриот актер ќе добие златен медаљон со ликот на Шишков и паричен износ од 1500 евра.