AMD Strela

 

Армасаната Гавазова со нови провокативни музички спотови и фотографии

Армасаната Гавазова со нови провокативни музички спотови и фотографии
Објавено на: 10 Sep 2013

Со нови песни и спотови Сузана Гавазова реши да ја почести својата публика по повод свршувачката и убавите моменти кои и се случија пред извесно време на приватен план.

gavazova

,,Новините во приватниот живот ќе се одразат само позитивно на професионален план, а среќата и радоста која ја чувствувам со мојата публика ќе ја споделам преку убавата песна,, рече Сузана непосредно по објавувањето на веста дека го пронашла човекот на својот живот.

gavazova

Ветено, сторено. Во периодот додека наголемо размислува за свадбата од соништата и го подготвува заедничкиот живот со нејзиниот избраник Јасмин, Сузана сними две нови песни кои веднаш добија и видео записи.

suzana gavazova

,,Умирам по тебе,, и ,,Сузе Сузана,, се двете нови песни за кои музиката и текстовите ги напиша Љупче Василев, а аранжманите ги работеше Дејан Момировски. Спотовите ги снимаше деновие во Прилеп во соработка со Бокс продукција. Пралелно со снимањето на спотовите таа направи и неколку нови фотосесии.

suzana gavazova

И овој пат од другата страна на објективот застана Томе Табанов со кој во последните неколку години Гавазова ги има направено едни од најдобрите фотосесии.

suzana

suzana

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK