Атрактивната струмичанка за својата публика која од ден на ден е се побројна како на домашен терен така и преку границата сними ново цд на кое се наоѓаат 10 песни. Неколку од песните се фестивалски, а поголемиот дел од нив се нови и досега необјавувани. Комплетен автор на целиот материјал е нејзиниот професионален, но и емотивен партнер Јордан Митев.
И покрај тоа што целиот материјал е од еден автор Гонце вели дека песните се стилски различни и верува дека во нив ќе се пронајдат сите генерации затоа што се потрудила да има за сечиј вкус по нешто. Засега таа самата нема некој фаворит бидејќи сите десет песни и се подеднаково драги, но сепак како и секоја девојка типува на баладите за кои верува дека нема да остават рамнодушни многу припаднички од понежниот пол.
Можноста први да уживаат во новите песни на Гонце Гогова ќе ја имаат нашинците во Австралија бидејќи веднаш по објавувањето на албумот таа замина на едномесечна турнеја. Промоцијата за домашната публика и медиуми е планирана по враќањето од австралиската турнеја, а освен новото цд не е исклучена можноста истовремено да биде промовиран и спот на некоја од песните кои се наоѓаат на него.