Калија ја имаше првата фотосесија. Има само два месеца, а веќе позираше пред објективот на фотографот Томе Табанов. Елена Велевска како по традиција, исто како што тоа беше случај и со нејзините други две деца Софија и Марко, така и сега направи специјална фотосесија и со ќеркичката Калија.
Вели сакала и таа како и нејзините братче и сетричка да има професионални фотографи додавајќи на шега дека морала и овој пат да работи со Табанов за да нема лутење кога Калија ќе порасне.
,, Калија е многу мирно и мило бебе кое сака луѓе околу себе, а гужвата воопшто не и смета и затоа немаше никаков проблем да го направиме снимањето, напротив беше многу забавно. Таа беше како вистински професионалец - низ смеа вели расположената Елена додавајќи дека вообичаено како што тоа се случувало многупати досега во долгогодишната соработка со Табанов , таа му создала многу повеќе главоболки на фотографот со нејзините желби и идеи, а не двомесечната Калија.
Новата фото сесија само потврди дека Велевска и по раѓањето на третото изгледа одлично и има линија на која многу девојки можат да и позавидат. На прашањето на што се должи сето тоа Елена со одговор дека внимава на својот изглед, тука е генетиката, но пресудна била неизмерната љубов и внимание од сопругот и огромната позитивна енергија која секојдневно на неа ја пренесуваат нејзините три деца. На крај таа додаде дека со ова сака да ги мотивира сите млади да го зголемат бројот на членови во семејството без штедење бидејќи според неа тоа е единствениот влог во кој вреди да се инвестира.