Струмичкиот фудбалски интернационалец Зоран Балдовалиев кој неодамна по втор пат стана татко, посакува новородениот син да тргне по неговите стапки. Малиот Томи веке добил топка а наскоро ќе ги добие и првите копачки вели Зоки кој сезонава настапува за грчкиот клуб ,,Керкира,, и каде почна да ги тресе противничките мрежи.
,, Секако дека сакам да ме наследи како фудбалер. Јас го наследив татко ми , па сега ќе ми биде мило и мојот син да продожи по мојата патека, но сепак ќе оставам тој сам да реши со што ќе се занимава кога ќе порасне, но јас секако би му дал совет да се занимава со фудбалот,, вели Зоран Балдовалиев кој минатата сезона настапуваше за ,,Хоризонт Турново,,
Зоран со сопругата Станкица и новородениот син Томи и малата Ена живеат на островот Крф во Грција, каде се наога и клубот ,,Керкира,,. Речиси сите се посветени на новиот член на семејството посебно малата Ена која постојано времето го минува со своето братче а слободното време игра со топак и шутира со лева нога како татко и.
,, Кога немам обврски со клубот цело време им го посветувам на моето семејство. Се трудам колку што можам да бидам со нив да помогнам, заеднички да ги споделуваме деновите,, рече Балдовалиев
Балдовалиеви се во брак од јануари 2010 година а во декември истата година во Израел каде настапуваше Зоран, им се роди керќичката Ена.