AMD Strela

 

Изложба на наградените уметници на светската галерија на цртеж на Остен

Изложба на наградените уметници на светската галерија на цртеж на Остен
Објавено на: 19 Sep 2013

Вечерва во Гевгелија ќе биде отворена изложба на уметниците - учесници на Светска галерија на цртеж на Остен - Биенале на наградени автори 2013. На просторот на терасата на хотел „Аполонија“ се изложени делата на 16 Остенови уметници на годината. Тоа се уметниците од Македонија: Атанас Ботев, Ниче Василев, Глигор Чемерски, Новица Трајковски, Мирјана Крстева Масети, Павле Кузмановски, Благојче Бане Наумоски и Тони Шулајковски, како и странските автори Венцеслав Антонов (Бугарија), Владимир Величковиќ (Франција/Србија), Златко Гламочак (Франција/Црна Гора), Тијана Којиќ (Србија), Каи Савелсберг (Германија), Стоимен Стоилов (Австрија/Бугарија),

Јеонгмин Сух (Јужна Кореја) и Марк Фризинг (Луксембург). На изложбата, на уметниците им беа врачени наградите Гран При и посебно Гран При награда за легат, пет награди Златен Остен, три први награди и три посебни награди.

Светската галерија на цртеж е содржина во рамките на ОСТЕН - уметност на хартија, и е концепт-манифестација која се состои од две меѓусебно поврзани биенални манифестации. Првата е Биенале на цртеж, а втората Биенале на наградени автори. Биеналето на наградени автори се состои од Програма за престој на уметници ЗЛАТЕН ОСТЕН со натпреварувачки карактер. Централен настан е прогласувањето на ОСТЕНОВИ УМЕТНИЦИ на годината, изложба на делата продуцирани во рамките на Програмата за престој на уметници ЗЛАТЕН ОСТЕН и објавување на наградите. На ова Биенале учествуваат наградени уметници од Биеналето на цртеж, а наградите се дефинираат со воспоставен

систем на гласање на Амбасадорите на ОСТЕН. На изложбата во Гевгелија и претходеше Меѓународна ликовна колонија на „Остен“, на која зедоа учество

наградените ликовни уметници од Јужна Кореја, Бугарија, Хрватска, Србија, Германија, Луксембург и Македонија. Оваа ликовна колонија се одржува секоја втора година, а ја организира фондацијата „Аполонија“, во соработка со „Остен“. 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK