Спекакуларен почеток на музичкиот дел од Струмица опен фест. Струмичкиот плоштад беше претесен да ги собере сите посетители од земјава и странство за да уживаат во настапите на Дани Димитровска, групата Супер хикс и хрватските незаборавни шармери од групата ,,Прљаво казалиште,, Фестивалот започна со музичкиот хор на СОУ ,,Јане Сандански,, потврдувајки дека младите струмичани и музички се надарени. Во нивниот музичко сценски настап тие импресионираа
Една од најдобрите рокерки во земјава Дани Димитровска сао нејзините хитови ,, Срца две,, Најдобра до сега,, ја загреа атмосферата на струмичкито плоштад . силен и моќен глас ги освоси струмичани кои и возвраќаа со аплаузи
Групата ,,Суперхикс,, експлодира пред струмичани. Со нејзините песни гипотсети струмичани на своите малди времиња и музиката со многу труби. Енергичен настап кој го следеа и пристуните
На крај настапија членовите на хрватската ,,Прљавоо казалиште,,. Сите ги пеаа нивните хитови .Воодушевени од приемот кај струмичани за нивната музика, гитаристот на хрватската култна група Јасенко Хора се фрли врз публиката која го носеше на раце. Моменти кога атмосферата кулминираше на плоштадот.
Речиси сите пеаа и играа и старо и младо а мегу нив и првиот човек на О Струмица Зоран Заев кој беше присутен со неговото семејство но и членовите на Советот на општина Струмица како покровители на ова манифестација која се планира д премине во традиционална.
Вчерва настапуваат Нокаут, Петар Ренџов со Салса бенд, Ристе Тевдоски и босанскиот пејач со моќен глас Харис Џиновиќ