Со настап на повеќе од 200 учесници на 27-ми септември во Охрид ќе се одржат 25. Охридски староградски средби. На годинешното фестивалско издание ќе настапат учесници од повеќе староградски состави од градот домаќин - Охрид, од Вевчани, Ресен, Прилеп, Штип, Демир Хисар, Крива Паланка, Скопје, како и од други места. На овој фестивал ќе настапат и „Распеани гевгеличани„ од Гевгелија, кои во изминатите години со голем успех настапуваа на овој фестивал, а и се враќаа со освоени награди.
Охридските староградски средби е фестивал кој ги афирмира вредностите на староградскиот мелос. Организатор е Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид кој по долгогодишна пауза пред неколку години ги возобнови старите музички градски традиции. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.