Фолк пејачите Јордан Митев и Гонце Гогова заедно со фолк групите ,,Везилка,, и ,,Амадеус,, ги полнат концертните сали во далечната Австралија. Според информациите досега се реализирани три од планираните осум концерти во Мелбурн Сиднеј, Перт и Волонгонг. Истите траеле по повеќе часови и гостите се забавувале до раните утрински часови со песните интерпретирани од Митев и Гогова. Атмосферата, според информациите се вжештувала кога Митев пеел и свирел на македонските традиционални инструменти
Досегашните три концерти поминале беспрекорно. Речиси на секој концерт имало од осумстотини до илјада посетители. Речиси сите концерти на Јордан Митев и Гонце Гогова однапред биле распродадени кои со своите настапи ги кренале на нозе Македонците во Австралија
Концертната турнеја на Јордан Митев и Гонца Гогова во далечната Австралија ке трае до средината на идниот месец, поточно до 12 октомври кога впрочем во македонскиот културен центар Ballcatta ќе го одржат последниот концерт. Овој викенд поточно на 27 и 28 септември тандемот Митев и Гогова настапуваат во Вологнонг во салата Portofino international и во хрватскиот клуб Punchbowl