AMD Strela

 

Промовирана брошурата “Радовишки марифети на трпеза”

Промовирана брошурата “Радовишки марифети на трпеза”
Објавено на: 26 Sep 2013

Во Центарот за култура ,, Ацо Караманов,, во Радовиш се одржа промоција на брошурата “Радовишки марифети на трпеза” - којa е во издание на Организацијата на жени ,,Деница,, од Радовиш . Станува збор за брошура во која се поместени тајните на подготовка на традиционалните рецепти по кои се прпознатливи радовишките домакинки.

radovis

Промоцијата на брошурата беше збогатена со културна програма и дегустација на дел од специјалитетите кои како рецепти се наоѓаат во брошурата приготвени токму од радовишките жени. Целта на промоцијана ова брошура е да се запознаат помладите генерации со начинот на подготовка на дел од традиционалните јадења од ова поднебје

radovis

Поддржувачи на настанот и брошурата се Градоначалник на општина Радовиш Сашко Николов и
Општинската установа Центар за култура ,,Ацо Караманов,, Радовиш.

radovis

brosura

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK