Горан Пандев заедно со сопругата Надица и синот Филипо го следеа првиот музички ден од ,,Струмица опен Фест,,. Фоторепортерот на ,, In Strumica,, ги улови на штандот на ,,Платинум и скопска пивара,, со Дени Масев на кого Горан и Надица се кумови, заедно со уште двајца ни вни пријатели . Фотографиите се објавени на ФБ Фан страната на Наполи. Пандев со чаша скопско не само што се забавуваше туку и славеше за победоносниот гол за селекцијата на Македонија во пријателскито дуел со Литванија. Поради малиот Филипо тие само малку уживаа во настапите на Дани, Суперхикс и Прљаво казалиште. Дали Горан Пандев ќе остане на Харис вечерва и на Цеца утревечер не се знае.