AMD Strela

 

Промоција на поезијата „Староста може, а и не мора да се дочека“

Промоција на поезијата „Староста може, а и не мора да се дочека“
Објавено на: 27 Sep 2013

Денес, 27 септември, 2013 година, во просториите на Дом на АРМ во Струмица ќе се одржи промоцијата на збирката поезија „Староста може, а и не мора да се дочека“ од Тихомир Јанчовски.

Ова е уште една од промоциите организирани од страна на здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“ кое има за цел да ја доближи современата македонска поезија поблиску до љубителите на литературата.

strumica

Ова е последната книга на Тихомир Јанчовски која излезе од печат пред само неколку месеци, во јуни, а е во издание на „Матица“. Јанчовски до актуелната, последна книга има објавено пет збирки поезија („Обични зборови“ – Табернакул 1998, „Два“ – Кинематика 2002, „Последно време“ – Блесок 2005, „Осама“ – Или или 2010 и „О, ти!“ – Темплум 2011) во печатено издание и уште четири во електронска форма ( „Последно време“, „Неврзан разговор“ и „О,ти“ – Блесок и „Од збор до збор“ – Офнет 2013). Поезијата му е објавувана и преведувана и во САД, Словачка, Унгарија…

Мислам дека кој било човек што се занимава со образование, со здравство, со поезија, не смее да се одредува политички кон една или кон друга партија бидејќи тоа го деградира сиот негов труд и сето евентуално творештво“ Ова е настан кој ќе ве поттикне да бидете дел од манифестацијата „100 Илјади поети за промена“ кој оваа година по трет пат ќе се случи на 28 Септември 2013 година, сабота.

Промотор: Митко Гогов
Поезија ќе читаат: Игор Тодоров, Мирна Трпкова и Дејан Ангелов
Музичка поддршка со бандонеон: Тони Пецанов

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK