Облечена во тесно блескаво фустанче, Цеца го одржа својот долгонајавуван концерт пред струмичани во рамките на ,,Струмица опен фест,, Нејзината појава но и нејзините хитови предизвика делириум во масата народ, што пристигна од сите страна на земјава но и од Бугарија и Србија, кои во глас ги пееа старите хитови но и песните од нејзиниот нов албум.
Целосна еуфорија настана кога Цеца ги отпеа ,,Громе мој,, ,, Иди док си млад,, ,,Београд,, ,,Маскарада,, но и за другите песни, кои Цеца со својот бенд во живо ги пееше. Рамнодушни не беа ниту повозрасните. Целиот плоштад па и градското корзо вриеше од народ кои ги пееше песните на српската фолк дива. Се претпоставува дека концертот го следеле околу 50 илјади посетители.
Приближно два часа траеше концертот на Цеца која ги испеа сите нејзии хитови а пред неа, пред струмичани свои настапи во живо имаа и Влатко Лозановски, Миле Кузмановски и оркетстарот Агушеви кои во чест на Гоце ја испеаа ,, Штом ноќта помине,,