Поезијата на Никола Маџиров се најде во изборот меѓу песните на нобеловците Шејмас Хини, Томас Транстромер, Чеслав Милош, Бродски, Монтале и Дерек Волкот. Една од најзначајните европски издавачки куќи „Ханзер Ферлаг“ со седиште во Минхен, објави ретка колекција на постери врз кои се испечатени стиховите на овие автори. Никола Маџиров е застапен со песните „Тишина“ и „Оној што пишува“. Оваа колекција од педесетина постери вклучува и по две песни од Борхес, Волт Витман, Тадеуш Ружевич, Чарлс Симик, Ларс Густафсон, Загајевски, Кригер, Оскар Пастиор, Вилијам Карлос Вилијамс... Колекцијата ќе биде дистрибуирана до сите значајни европски билиотеки и книжарници.