Концертот на Цеца почна половина час по полноќ а претходно имаше средба со организаторите на Струмица опен фест, но и со градоначалникот на Струмица Зоран Заев и неговата сопруга Зорица со која си поделија комплименти.
-За Струмица ова навистина ќе претставува еден незаборавен момент – кажа Заев кој изрази надеж дека Цеца повторно ќе дојде во Струмица. Таа пак му се заблогодарила на поканата што по речиси две децении повторно е мегу струмичани а на шала и низ смеа пред камерите кои беа селектирани за изјави, му рекла ,, За некоја година може да стане и премиер,,
Пред да се сретне со градоначалникот на Струмица, Цеца се поздрави и со првиот човек на здружението ..Културно забавен живот,, Петар Божинов организатор на Струмица опен фест, кого го подржа во организацијата на овој фестивал во иднина.