AMD Strela

 

Балкански филмски караван во Гевгелија

Балкански филмски караван во Гевгелија
Објавено на: 20 Aug 2012

Од 20 до 23 август 2012 година во Гевгелија ќе пристигне Балканскиот филмски караван. Станува збор за селекција од најдобрите филмови прикажани на Филмскиот фестивал на Југо-Источна Европа во Париз. Свеченото отворање на фестивалот ќе биде во понеделник, на 20 август 2012 година, во Народниот театар во Гевгелија со проекцијата на најновиот филм на познатиот српски режисер Милош Радивоевиќ „Како ме украдоа Германците“. Веднаш потоа караванот се сели на терасата на хотел „Аполонија“, каде што на терасата од Ice барот на 21 август ќе биде прикажан црногорскиот филм „Локален вампир“ во режија на Бранко Балетиќ, а на 22 август филмот „Белведере“ на режисерот Ахмед Имамовиќ од Босна иХерцеговина. За последната вечер од карванот, на 23 август, се предвидени проекциите на хрватскиот филм „Татко“ на режисерот Далибор Матаниќ и на турскиот филм „Калинка“ на режисерот Умит Унал. Балканскиот филмски караван се одржува под покровителство на градоначалникот на општина Гевгелија, а организатори се Градската библиотека „Гоце Делчев“ и фондацијата „Аполонија“.

gevgelija

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK