AMD Strela

 

Струмица има таленти – СОУ „Јане Сандански“ ќе ги презентира на концерт!

Струмица има таленти – СОУ „Јане Сандански“ ќе ги презентира на концерт!
Објавено на: 25 Oct 2013

„Не треба да биде ни Идол ни X фактор за да биде ТАЛЕНТ ШОУ кое не смее да се пропушти!“, вака средното општинско училиште „Јане Сандански“ ја поканува струмичката публика на првиот концерт на солистите од средношколскиот хор годинава. Концертот ќе се одржи во големата сала на АРМ на 1 ноември (петок) со почеток во 20:00 часот, а влезот е бесплатен.Настанот е најавен како талент шоу со задача во музичката јавност да даде нови таленти кои во иднина ќе ја градат богатата културно-уметничка и музичка програма во Струмица и пошироко. 

sou jane sandanski

„Учествуваме на вообичаените општински настани, хорските смотри, а овде се и двата годишни концерта кои ги одржуваме, но овој настан има поинаква цел. Талент-шоуа организираме секои 3-4 години, кога комплетно се менуваат генерациите бидејќи има многу нови музичари, солисти и инструменталисти, кои допрва треба да ја добијат својата шанса, да стекнат самодоверба со јавен настап од ваков вид“, вели диригентот Анита Станковска, професор по музика, којашто последното такво шоу го има направено во 2009 година.

Публиката ќе ужива во изведбите на 20-тина ученици од СОУ „Јане Сандански“, а промоцијата на сите изведувачи ќе се случи во текот на идната недела на официјалниот сајт на училиштето.

talent shou

„Веќе еднаш имам настапувано на мјузиклот за Тоше и оттогаш не сакам да пропуштам ниту една прилика за настап. Концертите на нашиот хор имаат цел да пренесат позитивна енергија, а ова мало шоу ќе биде увертира за наредните музички случувања“, вели Слободанка Гражданлиева, еден од учесниците талент-шоуто и претставник на Струмица во втората сезона од Сите наши песни. 

Учениците очекуваат дека струмичката публика ќе им даде шанса да покажат што умеат и заеднички да ги избереме и охрабриме најдобрите нови таленти од СОУ „Јане Сандански“.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK