Над 60 нови дела работени во повеке различни техники беа создадени во изминатите 15 дена на 49 то издание на мегународната струмичка ликовна колонија. Со годинешното творештво фондот на галеријата во Струмица веке ја надминува бројката од над 2200 дела од национален интерес. Организаторите задоволни,како од квалитетот така и од продукцијата.
Годинава на колонијата во Струмица учествуваа 18 автори од Русија, Турција, Полска, Албанија, Србија, Хрватска и Македонија.
Новосоздадените дела од 49то издание на мегународната струмичка ликовна колонија традиционално ке бидат презентирани на изложбан а 11 септември,денот на ослободувањето на градот Струмица по што ке следуваат изложби во повеке други центри од државата и надвор од неа.
Струмичката ликовна колонија важи за една од најреномираните колонии како во домашни така и во мегународни рамки,потврда за тоа дава и податокот дека од почетокот па до денес на истата учествувале околу 1000 ликовни уметници,мозаичари и скулптори од скоро сите краеви на светот.