AMD Strela

 

Промовиран зборникот ,, Мудроста на вековите,, од Иван Котев

Промовиран зборникот ,, Мудроста на вековите,, од Иван Котев
Објавено на: 21 Aug 2012

Познатиот фолклорист Иван Котев го промовираше зборникот на македонски народни поговорки од струмичкиот регион насловен ,,Мудроста на вековите,,. Станува збор за дело кое е резултат на четиридеценискиот труд на Котев и во кое се собрани 16 000 народни поговорки, мудрости и пословици.

ivan

За книгата на Иван Котев пред преполната сала во центарот за култура ,,Антон Панов,, во Струмица говореа рецензентот, професорот Илија Велев и промоторот магистер Ана Витанова – Рингачева. Според нив зборникот ,,Мудроста на вековите,, која е резултат на долгогодишниот труд на нашиот фолклорист и прибирач на народни поговорки и мудрости само го надополнува мозаикот на македонската самобитност. Тие потенцираа дека во петстотините страници на зборникот се собрани точно 16 000 народни поговорки, благослови и клетви кои претставуваат чиста есенција на народната мудрост и од нив блика свежината на народниот гениј.

strumica

Зборникот на поговорки и пословици од струмичко ,, Мудроста на вековите,, излезе во издание на ЛУБ ,, Благој Јанков – Мучето,, од Струмица, а под покровителство на општина Струмица.

zbornikot



 

 

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK