Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, на капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, денеска му врачи портрет што го изработи струмичкиот уметник, Митко Тошев. Портретот е изработен и врачен во знак на благодарност за сите убави моменти што ги подари со неговата игра и за неговиот огромен придонес во постигнатите успеси на македонската ракометна репрезентација.
Инаку, Кире Лазаров со македонската репрезентација престојува во Струмица каде со македонската репрезентација утре ќе одиграат пријателски натпревар со репрезентацијата на Црна Гора.