AMD Strela

 

„Струмица опен фестивал“ привлече над 150 илјади посетители !

„Струмица опен фестивал“ привлече над 150 илјади посетители !
Објавено на: 21 Aug 2012

Заврши првото издание на „Струмица опен фестивал“. Во последната фестивалска вечер, покрај ликовната колонија и вечерта на поезијата , се одигра и театарската претстава „Крајот на кралот“, а беше промовиран и зборникот „Мудроста на вековите“ од Иван Котев. Во изминатите осум дена, колку што траеше фестивалот, беа реализирани голем број настани од областа на културата и музиката. На неколку локации во градот, на плоштадот, амфитеатарот, езерцето во градскиот парк се одржуваа ликовни колонии, театарски претстави, филмски проекции, вечери на поезијата, кои претставуваа вистинско културно освежување во ова долго топло лето. Но, сепак првото издание на овој фестивал ќе остане запаметено по музичкиот дел. Во трите вечери, покрај домашните пејачи од забавната и народната музика, настапија и Прљаво казалиште од Хрватска, Харис Џиновиќ од Босна и Херцеговина, а честа да го затвори ја имаше балканската фолк ѕвезда, Светлана Ражнатовиќ – Цеца. Таа го наполни плоштадот во Струмица. Над 60 илјади луѓе од градот домаќин, но и од цела Македонија и соседните земји го следеа нејзиниот настап. Беше тоа журка за паметење. Се пееше и играше, се точеше пиво и јадеше скара до раните утрински часови. Според првичните проценки, во осумтте денови „Струмица опен фестивал“ привлече над 150 илјади посетители. Организатор на фестивалот беше здружението „Културен забавен живот“, а покровител општина Струмица.

posetenost

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK