Струмичкиот театар „Антон Панов“ утревечер премиерно ќе ја изведе претставата „1984“, од авторот Џорџ Орвел во режија на Дејана Николовска која ќе дебитира како режисерка на македонската театарска сцена.Станува збор за престава која дава вистински приказ на сите општествени системи кои во основа ја избегнуваат еднаквоста и правичноста. Од таа причина 1984 не е приказна само за еден поранешен систем, туку таа е приказна на сите поранешни, сегашни и идни општествени уредувања.
Драматизацијата е на Викторија Рангелова, сценографијата и костимографијата на Алексеј Паненков, музиката е на Сашко Костов, кореографијата на Сања Шутевска, а видеото на Тане Коџабашиев.Во преставата играат 11 актери од струмичкиот театар и тоа : Коста Ангов, Ванчо Крстевски, Јасмина Вучкова, Ванчо Василев, Стојан Велков-Трн, Оливера Аризанова, Јулија Милкова, Ален Нанов, Васил Михаил, Кире Ѓоргиев и Бранко Бенинов.