AMD Strela

 

Повик за учество на работилница – „Младите и полицијата – кои се нашите права?“

Повик за учество на работилница – „Младите и полицијата – кои се нашите права?“
Објавено на: 19 Nov 2013

Младински совет во соработка со коалицијата „Сите за правично судење” кое е здружение на 18 невладини организации активни на полето на заштита на човековите права и владеење на правото организират работилница под мотото „Младите и полицијата – кои се нашите права?“

Преку учество на овие работилници, учесниците ќе добијат можност да ги идентификуваат основните проблеми во односите со полицијата, како и создавање на критички однос во врска со прашањата од безбедноста како и заштитата на основните човекови права.

Работилницата во Струмица ќе се одржи на 25 ноември, (понеделник) со почеток во 12 часот во домот на АРМ – Струмица, a право на учество имаат сите заинтересирани млади луѓе на возраст од 16 до 24 години.

Заинтересираните кандидати своето учество може да го пријават на следнава е-маил адреса: mladinskisovetstrumica@gmail.com или на телефонскиот број: 070-310-235.

2

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK