Под мотото „Стоп на насилството врз децата“, денеска се одбележува Светскиот ден на детето , посветен на Конвенцијата за заштита на правата на детето.
Според УНИЦЕФ, секоја година милиони деца во светот се жртви на сексуално злоставување, насилство,експлоатација на труд, трговија со луѓе и физичко и психичко казнување.
Во пораката по повод Светскиот ден на детето македонскиот Народен правобранител истакнува дека почитувањето на правата на детето е една од најважите работи кон кои треба сите да се стремиме, затоа што за едно општество нема поважна работа од создавање здрави, образовани, толерантни поколенија подготвени да се соочат со сите предизвици кои ги носи животот.
Народниот правобранител во пораката по повод Светскиот ден на детето искажува дека е неизбежно да се споменат илјадниците деца кои ги немаат основните права, како што е правото на пристап до чиста и питка вода, на пристап до храна, да живеат во чиста и здрава животна средина и да се образуваат на својот мајчин јазик.
Светскиот ден на детето – 20 Ноември се одбележува од 1954 година. На денешен ден во 1959 година Генералното Собрание на ОН усвои Декларација за правата на децата.