Ален Зифовски и Мартин Ристов - Сталкер утревечер во Кафе бар ,,Escape,, во Радовиш ќе го промовираат видео записот за нивниот најнов сингл ,, Сети се на мене,, инаку нивна авторска песна. Зифовски и Сталкер е радовишки музички тандем кој прават фантастични забави по кафе баровите во Скопје, Радовиш и другите македонски градови а со своето првенче, полека се пробиваат и во професионалните музички води во Македонија.
,, Сети се на мене,, е рап песна со мошне динамичен ритам. Спотот се снимал шест дена на повеке локации во Радовиш и според Зифовски благодарение на снимателот Јован Илиев и монтажата на Матарпазов спотот е доста интересен.
,, Ова песна ја посветивме на сите девојки и има порака да се сетат на нас момчињата се што сме сториле за нив,, ни изјави Зифовски кој упати покана до сите лубители на рап музиката да бидат присутни во ,,Escape,, во Радовиш на промоцијата на спотот но и на добра забава.