Градската библиотека „Гоце Делчев“ во Гевгелија доби ново реставрирано руво. На ова старо здание, кое е прогласен за споменик на културата, извршена е целосна реставрација на надворешната фасада. За таа цел, беше изработен целосен проект од Управата за заштита на спомениците на културата, чија реализација ја финансираше Министерството за локална самоуправа. Имено, за реставрација на надворешната фасада на библиотеката се издвоени 3,6 милиони денари. Дополнително за замена на дотраената столарија општина Гевгелија издвои 923.000 денари. Реставрацијата ја изврши фирмата „Макаус“ од Скопје, која, исто така, врз основа на објавениот јавен повик и понудената најповолна понуда изврши замена на дрвената столарија.