AMD Strela

 

Гавазова- Прво ,,лангиди,, и крштевка а после лето свадба со Јасмин

Гавазова- Прво ,,лангиди,, и крштевка а после лето свадба со Јасмин
Објавено на: 06 Dec 2013

Сузана Гавазова и во петтиот месец од бременоста изгледа одлично. Дека е така потврдуваат и фотографиите направени деновиве за време на нејзиниот престој во Струмица. Гавазова која после свршувачката замина да живее во Шведска со нејзиниот свршеник Јасмин деновиве дојде на краток одмор во родниот крај.

GAVAZOVA

Во изјава за Југоинфо рече дека и покрај тоа што ужива во новата средина и новата улога сепак кај неа се јавила мала носталгија за родниот крај и најблиските па решила да ги посети на неколку дена. Овој пат таа дојде сама, без свршеникот Јасмин кој поради обврските морал да остане во Шведска. Најголемиот дел од времето го искористила за најблиските од семејството, но и за средби со неколку пријатели.

GAVAZOVA

На прашањето како се снајде во новата средина, но и во новата улога имајќи во предвид дека за неколку месеци ќе стане мајка, атрактивната фолкерка со одговор дека буквално ужива во секој миг на среќа кој и го подари животот.

GAVAZOVA

,, Едноставно уживам. И самата сум изненадена како ја поднесувам бременоста. Освен што имам неколку килограми плус, се друго е како и досега. Настапи во моментов немам, ама тоа не значи дека постојано се излежувам во кревет и поставувам некои посебни барања и желби. Напротив, многу сум активна, пешачам многу бидејќи тоа ме релаксира, се запишав на курс па дел од времето го поминувам учејки јазик, а еден добар дел од времето го поминувам во кујна подготвувајќи вкусни македонски специјалитети за мојот Јасмин. Што се однесува до новата средина, се навикнав многу лесно. Имам голем број пријатели со кои секојдневно се дружиме, а и Јасмин е тука кој се труди секој ден да ми го направи поубав и поинтересен од претходниот.,, вели видно расположената Сузана

GAVAZOVA

Сузана која летово ги изненади сите со веста дека се свршила веќе го договорила и терминот за свадба. Иако имало размислување таа да биде на 21 декември, денот на нејзиниот роденден сепак решиле свадбената веселба да се случи кон крајот на летото, или како што на шега по струмички вели таа ,, прво ЛАНГИДИ и крштевка, а постоа свадба.

GAVAZOVA

Додека ја чека приновата и се подготвува за свадбата Сузана ќе прави пауза од настапите, но тоа не значи дека на нејзината публика ќе и го скрати задоволството да ужива во новите песни. Таа веќе го промовираше првиот, а до крајот на декември ќе следуваат и останатите два од вкупно од три нови спота кои ги сними специјално за периодот кога ќе биде на породилно боледување. Во завршна фаза е и новиот албум со стари македонски песни кој треба да биде промовиран идната година.

GAVAZOVA

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK