AMD Strela

 

Митев снимаше спот за ,,Моја последна ,, во Венеција !

Митев снимаше спот за ,,Моја последна ,, во Венеција !
Објавено на: 07 Dec 2013

Венеција била инспирација на Јордан Митев да го сними видео записот на неговиот најнов сингл ,, Моја последна,, потпишана од Борче Нечовски и Николче Мицевски. Спотот го снимале два дена на неколку локации во Венеција за да ја спои поп-фолк баладата со градот на заљубените. Митев за Југоинфо одговара за идејата за спот во Венеција и зошто токму овој град за овој негов сингл

jordan

,,Секој мој чекор во кариерата сакам да биде нов и оригинален. Тоа за мојата работа е најважно! Впрочем и затоа Јордан Митев од целото музичкко сивило се издвојува барем малку од малку.И овој пат, барав нешто ново и мислам дека го најдов. Самата песна песна случајно во мислите ме оденесе во Венеција,иако предходно никогаш не сум бил само од тоа што го имам видео како филмови, документарци и тн. Кога ми света идеата, не ми требаше многу одолговлекување за да тоа се реализира. Зошто токму Венеција? Бидејќи песната е романтична,звучи модерно т.е. поп-фолк,Венеција е најромантична и како што знаеме градот на љубовта и заљубените, текстот има сила емоција и порака, и од тие причини подобра локација и амбиент за таа песна не постои,, вели Јордан

jordan

Тој во Венеција бил соло, без Гонце Гогова со која ова 2013 година беше на заедничка турнеја во Австралија. Вели дека планира наскоро да се врати во овој град и ,,вистински,, да ги долови убавините на овој град. Спотот во Венеција се снимал два дена со негова опрема бидејки наскоро планира да отвори своја видео продукција

jordan

,,Секогаш уживам кога работам нешто ново! Тоа мене ме храни и ме мотивира! Поготово кога знам дека ќе биде добро и дека вреди човек да се труди за тоа. Снимавме два дена и една ноќ и мислам дека тоа беше максимумот што можеше да се направи и да се смести во три четри минути. Венеција е навистина нешто посебно и секој би требало да отиде и да ја види. Не е многу далеку од Македонија а станува збор да тотално друг свет од секое друг месно. Едноставно е оригинален град во секој смисол на зборот и кога сте таму се чувствува некоја посебна енергија,посебна љубов,, рече Митев кој ова 2013 ја подвлече како доста успешна во неговата кариера а пред се за неговите фанови и публиката

mitev

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK