AMD Strela

 

Книгата на Маџиров ,, Остаток од друг век,, објавена во Шведска

Книгата на Маџиров ,, Остаток од друг век,, објавена во Шведска
Објавено на: 10 Dec 2013

Поетската книга на Никола Маџиров „Остаток од друг век“ деновиве се објави во Шведска и веќе се појавија неколку забележителни критики по шведските списанија и блогови. Книгата ја издаде шведската издавачка куќа „Рамус“,најавувајќи го Маџиров како еден од најсилните европски современи поетски гласови и како еден од најпреведуваните светски поети на неговата генерација. „Рамус“ е познат и како издавач на Дилан Томас, Жорж Перек, Данил Хармс, Томаж Шаламун, а преводот на книгата е на Миодраг Станковски.

madzirov

Критичарот Кристијан Лундберг во „Хелсинборг Дагблад“, во текстот „Помеѓу далечините и домот“ посветен на поезијата на Маџиров, пишува: „Книгата успешно го комбинира современиот политички европски наратив низ посебен поетички облик и интензитет... Поезијата на Маџиров е нежна и грижлива во однос на изговореното, но толку експресивна преку сликите што ни ги дава нам- читателите“. Критичарот Сораб Рахими истакнува: „Без сомнение Никола Маџиров е поет кој може да се спореди со големи автори како Загајевски или Пол Малдун. Тој поседува неверојатен талент да ги избледне границите помеѓу она што е поезија и она што треба да биде поезијата. Неговото искуство е уникатно.“

Маџиров ќе ја промовира книгата следната година во Европскиот град на културата за 2014 година Умеа во Шведска, каде ќе чита заедно со текстописецот на Бјорк - исландскиот поет Сјон, како и во Стокхолм на читање со неколку скандинавски автори, меѓу кои и членови на Шведската академија.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK