Во понеделник во чест на големиот христијански празник ,, Успение на Пресвета Богородица,, во селото Секирник ќе биде организирана третата по ред средба на Русалии насловена ,, Русалии фолклор- Секирник 2012,,.
На средбата покрај домакините КУД,, Русалии,, од Секирник ќе учествуваат КУД,, Танец,, од Миравци, русалиската фолклорна група ,, Пољаните,, - Петрич и ,, Леб и вино,, од соседна Бугарија, а свој настап ќе има и доајенот на струмичкиот театар Зора Георгиева со извадок од монодрамата ,, Велика,, од Петре М. Андреевски, а во режија на Кире Георгиев. Целта на манифестацијата е да го зачува, но и афирмира русалиството како древен обичај од Јужна Македонија.
Организатор на русалиските средби е КУД,, Русалии,, од Секирник, а манифестацијата се реализира под покровителство на министерството за култура на Република Македонија и општина Босилово.