Музичарот Ален Зифовски од Радовиш заврши со снимањето на новиот спот за песната ,,Ќе ме бараш,, . Како што не информираше младиот музичар, станува збор за негов најнов сингл кој има добра приказна но и тажен текст. Спотот за песната ,,Ќе ме бараш,, се реализираше во соработка со ,,М Продукција,, а изминатеиве денови се снимаше на повеќе локалитети во Радовиш.
Ален Зифовски неодамна со Мартин Ристов-Сталкер го промовираа спотот за нивниот заеднички сингл ,,Сети се на мене,, зад која стојат како комплетни автори кој пак предизвика интерес кај младите радовишани