Под покровителство на Општина Дојран во понеделник (27.08.2012)по вторпат ќе се приреди карневалско дефиле наречено "Дојранска Карневалска Забава". Карневалската забава стартува со почеток во 20:00 часот, каде маските тргнуваат од пред хотелот "Полин" на градското шеталиште и завршуваат на градскиот плоштад под Јаворите каде ќе ги претставуваат маските. Според програмата по дефилето е планирана забава под маски со познати ди џеи од земјава и странство. Ова е дел од манифестацијата на ,,Дојрански ракувања,, која изобилува со многу културни настани со кои Дојран ја збогатува содржинската понуда на туристите кои престојуваатво ова туристичко место. На Дојранската карневалска забава ќе учествуваат и карневалски групи од Струмица.