Поезијата на Никола Маџиров се објави во Индија и Израел. Индискиот тиражен дневен весник „Њу Индиан Експрес“ објави афирмативен осврт за книгата на Никола Маџиров „Остаток од друг век“ која беше издадена двојазично, на англиски и македонски јазик во Велика Британија, во превод на Пеги и Греам Рид, Магдалена Хорват и Адам Рид. Индиската поетеса и критичар Т. Доши која ја претставуваше Индија на Поетската Олимпијада во Лондон, во својата новогодишна колумна, се одлучи да пишува за поезијата на Маџиров и за сеќавањето. Поезијата на Маџиров, но во превод на хинди јазик, беше објавена во водечкиот хинди дневен весник во Индија - „Џансата“, а на хебрејски во независниот израелски весник „Мегафон Њуз“.