На градскиот плоштад „Гоце Делчев“ утре (недела), со почеток од 17:00ч ќе се одржи голема предновогодишна забава на која учество ќе земат околу 2500 дечиња од прво до шесто одделениe. До почетокот на овој настан, дечињата заедно со своите наставници по музичко образование ќе ги учат и ќе ги пејат двете најпознати новогодишни песнички „Jingle Bells“ и „Тивка ноќ“ , а потоа сите заедно, во еден глас, ќе ги отпејат на денот на предновогодишната забава.
На оваа новогодишна забава и претходеше голема хумана акција на кој учениците - членови на Младинскиот совет пакетчиња и лампиони. Овој проект е во целосна реализација и организација на Младинскиот совет на општина Струмица.