Поранешните музичари од општина Ново Село кои се наоѓаат на привремена работа во странство и оваа година ќе организираат хуманитарен новогодишно божиќен концерт.
Концертот ќе се одржи на 3 јануари во во домот на културата во Старо Коњарево, а ќе настапат голем број познати музички имиња од регионот и Македонија, но и од соседна Бугарија и Србија. Гостин на овој концерт ќе биде Јордна Митев.
Исто како и минатата собраните средства од влезниците како и донациите од иселениците ќе бидат донирани на училиштето во Старо Коњарево.