Карикатуристот Хенрих Цебула од Полска и афористичарот Милен Миливоевиќ од Србија се победниците на 15 тото издание на Меѓународниот фестивал на Афоризам и карикатура. Така одлучи меѓународното жири предводено од Миле Ѓоргијоски. Во категоријата катикатура освен Цебула награди добија и Валери Александров од Бугарија додека Стефен Јахсновски -Хершел од Германија ја доби третата награди. Во ова категорија каде пристигнаа над 200 карикатури од 27 држави награда доби и Миле Манчевски од Македонија и тоа од организациониот одбор на струмичкиот карневал.
Во категоријата афоризми, златната плакета ја доби Миливојевиќ од Србија, сребрената Толевски од Македонија додека брозената Ристиќ. Карикатурите ќе бидат изложени на 3 март чист понеделник кога ке бидат читани и дел од аформизмите пристигнати на овој конкурс. Инаку овој фестивал за афоризам и карикатура се одржува за време на карневалските денови во струмица