AMD Strela

 

Василица во Мокриево се одбележа со Странчинарските игри

Василица во Мокриево се одбележа со Странчинарските игри
Објавено на: 14 Jan 2014

Селото Мокриево Василица ja одбележа со традиционалните странчинарски игри. Уште рано наутро странчинарите со тропањето на тешките ѕвонци ја разбудија Беласица и го најавија своето доаѓање во селото. Започнаа со меѓусебната борба за поделба на селските маала за просење, а потоа тргнаа по куќите. Обичајот налага да се посети секоја куќа, а собраните  подароци и храна да се поделат на сиромашните.

mokrievo

Легендата меѓу другото вели дека мисијата на странчинарите била за време на некрстените денови со тропањето на ѕвонци да ги истераат сите лоши сили и зли духови и да обезбедат среќа и бериќет за сите мештани за годината која доаѓа. Манифестацијата која влече корени многу оддамна и годинава привлече многу посетители од цела држава кои имаа можност да уживаат во настапите на голем број маскирани групи од повеќе краеви на Македонија, но и на гостите од соседна Бугарија.

mokrievo

Годинава најголемо внимание привлече ритуалот на пиење ракија од ѕвонците на странчинарите. Се верува дека децата кои имаат проблем со зборувањето доколку се напијат од таквата ракија ќе почнат да зборуваат без проблем.

monospitovo

И оваа година на манифестацијата се одржа под покровителство на општина Ново Село и градоначалникот Блажо Велков според кого истата значи можност за поголема афирмација на вековната традиција, но и можност за привлекување туристи.

mokrievo

Веќе вообичаено крајот на странчинарските игри го означи голема гозба за сите посетители за кои домакините обезбедија околу 100 килограми домашни колбаси и 150 килограми качамак.

mokrievo

mokrievo

мокриево

игри

мо0клриево

кацамак

Фото - ФБ профил на Општина Ново село

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK