Неодамна во издание на „Глобал комуникации“ од Скопје се појави книгата со наслов „Комуникологија на жанрот“ на д-р Томе Груевски, професор на Студиите по новинарство, медиуми и комуникации на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.Во содржината на книгата се изнесени основните комуниколошки аспекти на жанрот како облик на изразување во комуникативниот чин на субјектите во процесот на масовното комуницирање кое се остварува со помош на медиумите како посредници на пораката што ја структурираат новинарите. Поделена во два дела и повеќе глави со строга научна апаратура и богата комуниколошка литература, во книгата се говори за проблемот на вредносните ориентации на пораката, функциите на јазичните пораки, компонентите на процесот на договарање, комуникациските специфичности на изразот и функциите на масовните комуникации.
Централен проблем на комуникацискиот процес е информацијата која има големо значења во практичниот живот но и во техничките употреби. Тој концепт на значења е тесно поврзан со комуникација, управување, податок, вест, известување, знаење, значење, облик итн. Информацијата е социјализирано сознание, таа е секогаш актуелна, неа мора да ја карактеризира конкретност односно објективност, примереност, брзина, ангажираност, атрактивност на информативната содржина и др. Толкувајќи ја моќта и значењето на медиумите, како и нивниот однос спрема информацијата, авторот се занимава и со тезата на Маршал Маклуан кој ја изрекол тезата: Медиумот е порака. Со тоа, тој информацијата ја сведува на медиум, а медиумот го толкува како максимално можно епохална информација.
Целта на ова четиво е да ги истакне сите одлики на информацијата, на нејзината структура и нејзината целесообразност . Овој наслов нема претензии да се бави со практични совети за тоа како сеструктурира новинарскиот жанр во вид на вест, коментар, репортажа итн, но секој што се бави со новинарство треба да знае дека структурата на пораката е сложена целина која се образува на функционалната врска на новостекнатите сознанија и на редундантните содржини. Тие се сраснати меѓусебе и затоа пораката како мисловна целина неможе поинаку да с е одржи.
Во комуникологијата ова прашање побудува посебен интерес особено во дефинирањето и структурирањето на новинарските жанрови: фактографски или информативни, вредносно-персуазивни или аналитички жанрови, што, секако, создаваат потешкотии за неупатените во оваа проблематика. Особено е значајно да сезнае правилото 5W +H како златно правило приобликувањето на жанровите во новинарството.
Сите новинарски жанрови се засноваат на информацијата. Сé во новинарството почнува од барањата, пронаоѓањата, собирањата и одбирањата на информациите.Сé е создадено од информацијата. Таа е и средство и суштина и целна целокупната дејност и делотворност на новинарството.На неа се сведува целокупната новинарска активност; во неа се излачува целиот нејзин резултат; таа го создава целиот нејзин ефект. Информацијата е содржина изразена во облик на вест, коментар, репортажа.
Во зависност од тоа како е употребена информацијата, како е обработена и како каква е упатена на нејзиниот корисник (читател, слушател и гледач): информација соопштена е вест; информација анализирана е коментар; информација аналитички воопштена е статија; информација сликовно опишана е репортажа; информација детално документирано обработена е фељтон итн.
Книгата е наменета за студентите по новинарство медиуми и комуникации нотаа е неопходна и засите о ние кои сезанимаваат со оваа дејност.