AMD Strela

 

Заврши четвртото издание на БОШ фестивалот

Заврши четвртото издание на БОШ фестивалот
Објавено на: 27 Aug 2012

Гевгелија изминатиов викенд беше во знакот на интернационалниот мултимедијален „Бош-фестивал“. Овој креативени израз во урбанконтекст, во чест и сеќавање на прерано починатиот актер и поет Бошко Бозаџиевски, што го организираат гевгелиски културни ентизијасти, привлече голем број гости. Имено, фестивалот, што го организираше здружението „Арт еквилибриум“, а го помагаа општина Гевгелија и Домот на културата „Македонија“, преку слика, збор, музика, скулптурски и актерски израз, ни ја претстави културата во поинакво светло. Започна со претставување на Асоцијацијата на независната културна сцена „Јадро“, чиј член од неодамна е и „Арт еквилибриум“, кое продолжи со дискусија на тема „Улогата на независната културна сцена во развојот на локалниот културен контекст“. Потоа, на неколку локации во градот се случуваше богата музичка програма: настапија групите „Аутмајнд“, „Флетфајв“, „Подземан ефект“, а ексклузивен настап имаше и „Мултиетничка атракција“ од Белград. Свои диџеј-сетови имаа и Соња Исмаил, Јане Алтипармаков, Марчин, Дени Трајков и Пет Харт од Чешка. Фестивалот официјално беше отворен со групната изложба на скулптури и инсталации во Старата чаршија, а продолжи со интервенцијата во урбан простор на Ангел Миов, еден од основачите на „Арт-Институт“ на Градски пазар. Веднаш потоа уметникот Никола Радуловиќ го претстави своето масло на платно Confusion is sex, додека пак дизајнерката на накит Марија Милошевска ќе ја претстави својата колекција „Оророк“ инспирирана од музиката. Годинава БОШ фестивалот на гевгеличани и бројните гости им понуди и богата театарска програма. Премиерно во Гевгелија и во Македонија беше изведена претставата „На работ“ на бугарскиот „Атом театар“ од Софија. Во рамките на тридневните случувања на четвртиот „Бош-фестивал“ беа претставени и 40-минутната програма на краткометражни филмови на д-р Стефан Сидовски и перформансот „Бош-пазар“ на Васил Михаил. Исто така, беа реализирани и неколку работилници и поетски читања, а како дел од оф-програмата на фестивалот беше отворена изложбата „Елегија за старата железничка“ на уметницата Наташа Гелева. 

- Перформансот Бош е перформанс на душите, ироничен приказ на секојденвното живеење и го поместивме во публиката онаму каде што се раѓаат сите приказни, изјави Васил Михаил - актер од Струмица. Според Стефан Стефанов, член на организациониот одбор и самиот Бошко тоа го сакаше, постојано да се случува нешто во Гевгелија, да им се даде можност на младите, а фестивалот ги опфаќа сите уметности што тој ги сакаше и почитуваше.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK