Ален Зифовски и Мартин Ристов – Сталкер од Радовиш деновиве снимија нов сингл а паралелно за него и видео запис. Станува збор за рап песната ,,Повеќе не'' во која како женски вокал се појавува и младата Марија Мицевска од Штип. Овој тандем деновиве на социјалните мрежи го промовираа својот нов сингл и видео спот, за што добија позитивни реакции пред се од нивните фанови и лубителите на рап музиката
Песната и спотот како и претходните се снимени во студиото М-Продукција. Teкстот е на Ален Зифовски додека музиката ја потпиша Мартин Ристов - Сталкер. Спотот се снимаше на неколку локации во Радовиш а за видео обработката се погрижи Зоран Мајсторски. Во песната ,,Повеќе не,, повторно љубовните проблеми на младите е тема на обработка за која пеат младите радовишани
Ален Зифовски со Мартин Ристов – Сталкер минатата година го промовираа својот прв заеднички рап-сингл ,, Сети се на мене,, за кој снимија и видео запис а Зифовски пормовираше своја соло песна насловена како ,,Ќе ме бараш,,