Русалиите повторно се собраа во Секирник, на третата по ред средба на русалии, единствените играорци во земјата кои ја негуваат и презентираат изворната традиционална игра на македонците бегалци од Кукуш и кукушко. Поткрепени со звукот на тапанот и писокот на зурлата направија да се доживее историјата за која велат дека не се чита, туку се гледа, доживува и осознава.
,,Самата оддалеченост, самиот егзодус не врзува да опстоиме. Тоа е аманет и завет од нашите стари, од нашите предци кои веќе ги нема, значи најмногу поради таа мисла дека не смее да исчезнат русалиските игри, тоа е за нас повеќе од живот.,, вели Димитар Иванов – раководител на КУД ,, Русалии од Секирник
Покрај ансамблите од Македонија и оваа година во Секриник настапија и два ансамбли од Бугарија.
,,Ние учествиваме по втор пат и доаѓаме затоа што сметаме дека токму на овој начин, преку ваквите средби ќе се зачува традицијата, а чувањето на традицијата и фолклорот е многу важно бидејки тоа е душата на народот.,, вели Елена Каменарова – фолклорна група ,,Леб и вино,, Бугарија
Третата меѓународна средба ,, Русалии фолклор,, беше реализирана со финансиска поддршка на министерството за култура и локалната самоуправа во Босилово. Целта на манифестацијата која има тенденција да прерасне во традиционална е да го зачува, но и афирмира русалиството како древен обичај од Јужна Македонија.