AMD Strela

 

Фолк Фест Валандово годинава во септември со награден фонд од 30 илјади евра

Фолк Фест Валандово годинава во септември со награден фонд од 30 илјади евра
Објавено на: 24 Jan 2014

Годинашново издание на Фолк фест Валандово,  повторно ќе има три фестивалски вечери од кои две полуфинални и е една финална вечер.  Организацијата на фестивалот ќе биде на новите директори (главен, уметнички и технички) кои општина Валандово ги бара на конкурс. Според информациите терминот на одржување на трите фестивалски вечери ќе биде во септември за што треба да одлучат новите директори.

valandovo

,,Конкурсот ќе трае речиси до крајот на месецов и со двегодишен мандат, ќе се одберат директорите кои комплетно ќе го организираат фестивалот,, вели Николче Чурлиновски, градоначалник на општина Валандово под чија капа се одржува овој реномиран фестивал

фестивал

Новина на годинашново јубилејно 30 то издание на фестивалот е што наградниот фон изнесува 30 илјади евра од кои 15 илјади ќе одат за победничката песна, 10 илјади за второпласираната а за третопласираната следуваат 5 илјади евра.

фолк фест

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK