Учениците од СОУ ,, Никола Карев,, викендов во Бугарија, преку својата маска ,,Ангели и Демони,, го презентираа струмичкиот карневал на 23- тото издание на Мегународниот фестивал на маскарадни игри Перник 2014. На главното дефиле учениците од ова средно училиште ги собраа симаптиите на присутната публика, која и покрај студеното време ги следеше каренвалските групи. Речиси сите сакале да се фотографираат со ,,Ангелите и демоните,, кои во својата впечатлива гардероба и со своите сценски настапи го привлече вниманието не само на публиката туку и на останатите карневалџии
,,Ангели и демони,, беше најдобрата групна маска на минатогодишното издание на струмичкиот карневал. Поради својата креативност и симболика минатата година , преку струмичкиот каренвал добија покана и учествуваа на неколку каренвали и во соседна Србија.
Меѓународниот фестивал на маскарадните игри Перник 2014, траше три дена на кој учествува околу 50 тина карневалски групи од Бугарија но и од други држави . Од Македонија освен од Струмица своо карневалско преставување имаа и гурпи од Прилеп и Кавадарци
фото - Перникњус