AMD Strela

 

Започна конкурсот за трансфер на студенти на ФОН Универзитет

Започна конкурсот за трансфер на студенти на ФОН Универзитет
Објавено на: 02 Feb 2014

Врз основа на член 57 од Законот за високото образование, Ректорската управа на Првиот приватен универзитет - ФОН, распишува: 

К О Н К У Р С 
ЗА ТРАНСФЕР И УПИС НА СТУДЕНТИ НА ФАКУЛТЕТИТЕ ВО СОСТАВ НА ФОН УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО АКАДЕМСКАТА 2013/2014 ГОДИНА 


Трансфер и упис на прв и на втор циклус на студии се врши на следните факултети во состав на ФОН Универзитетот: 

- Факултет за економски науки 
- Факултет за правни науки 
- Факултет политички науки и дипломатија 
- Факултет за детективи и безбедност 
- Факултет за странски јазици 
- Факултет за дизајн и мултимедија 
- Факултет за информатика 
- Факултет за спортски менаџмент 
- Архитектонски факултет 

• Право на трaнсфер од една на друга студиска програма во рамки на ФОН Универзитетот, имаат студентите кои се запишани на еден од факултетите во состав на Универзитетот. 

• Право на трансфер на студиите од други високообразовани установи од Р. Македонија и од странство, на факултетите во состав на ФОН Универзитетот, имаат студенти кои запишале најмалку една академска година или дипломирале на високообразовната установа од која доаѓаат. 

• Трансферот се врши во иста или сродна студиска програма во согласност со одредбите од Правилникот за единствениот кредит систем и преминот од една на друга студиска програма, односно од една на друга високообразовна установа. 

• Трансферот се врши врз основа на сродноста на положените испити и студиските програми од предходното образование. Трансфер и упис на студентите ќе се врши заклучно со 15 февруари 2014. 

Потребни документи за аплицирање за трансфер и упис: 

- Приемен лист (образец од ФОН Универзитет); 
- Исписница од високообразовната установа од која се врши трансферот; 
- Уверение за положени испити; 
- Диплома за завршено средно образование и сведителства од сите години (за трансфер и упис на прв циклус студии), односно Диплома или Уверение за завршен прв циклус студии (за трансфер и упис на втор циклус);
- Извод од матична книга на родените; 
- Уверение за државјанство.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK