На 26-ти февруари (среда, 19:оо час.) во локалот Вила Парк – Струмица, Тивериополската филмска алијанса ќе го промовира кусометражниот игран филм „(Не)нормален“.
Овој проект на Ице Виранов е реализиран целосно самостојно, во соработка со група млади македонски филмски творци. Во него играат: Коста Ангов, Васил Михаил, Марија Челебиева, а како духовна инспирација на сценаристот и режисер Виранов, му се мотиви од Чарлс Буковски и Муза Павлова. Во „(Не)нормален“ авторот интересно опишува еден обичен ден во кој треба да се заврши навидум сосема нормална и лесна работа... Филмот трае десет минути.