„ Мињони“ - годинешната маска на ООУ„Гоце Делчев“ од Василево, на неколку денови пред големиот Струмички карневал, целосно подготвена за дефилето и освојување на симпатиите на публиката и на жирито.
„Директно од фабриката на газда Гру доаѓаме, создадени за лудории и забава, вештини секакви поседуваме, вечерва од филмското платно експресно се симнауваме и со брзина на светлината во прекрасната Струмица се телепортираме...“ порачуваат симпатичните Мињони, креирани и изработени од вработените и учениците во ООУ„Гоце Делчев“ од Василево.
Остатотокот од приказната на „Мињоните“ и се она што комплетната екипа на ООУ„Гоце Делчев“ Василево на тема карневал го работеше во изминатите речиси два месеци, присутните ќе имаат можност да го слушнат и видат во сабота на 01.03.2014 година, на Струмичкиот карневал.
Карневалската маска „Мињони“ на ООУ„Гоце Делчев“ брои шеесетина членови и се натпреварува во категоријата групна маска со над 50 учесници.
Во продолжение следуваат неколку фотографии од текот на подготовките на маската.