Атрактивната фолкерка и една од најзгодните мајки на нашата естрада, Елена Велеска следниот период ќе го помине повеќе надвор од државата отколку дома. По едногодишната пауза барем кога се настапите надвор од државата во прашање на задоволство на сите македонци ширум светот таа повторно тргнува на турнеи. Започна овој викенд од Шведска. Во Гетеборг Велевска беше специјална гостинка на роденденска забава на наш иселеник за кого неговата сопруга подготвила изненадување со македонска забава и песна. Веднаш потоа заедно Дрим Тим по повод осми март настапува во Дизелдорф во Германија. Се враќа на девети март, а по блиц средбата со најмилте тргнува за Австралија каде ќе одржи десет коцерти за кои влезниците веќе биле скоро распродадени. Таму со неа ќе настапуваат Огнени момчиња и Џафер Демировски.
По враќањето од австралиската турнеја продолжува повторно во Германија каде ќе има настап за големиот христијански празник Велигден. Во меѓувреме нејзините соработници ќе го подготвуваат новиот материјал кој планира да го промовира пред почетокот на летото. Доколку се појави добра песна не е исклучена можноста да се појави и на некој од фестивалите, а најавува и неколку нови видео спотови за кои повторно ќе биде задолжена нејзината ЕВ продукција. На прашањето како успева сето ова да го организира и дали воопшто ќе има време за семејството, а првенствено за нејзините три деца Софија, Марко и Калија, Елена вели дека тоа воопшто нема да биде проблем.
,, Кога човек нешто сака тоа може и да го оствари. Мене семејството ми е на прво место и тука нема никаква дилема,. Максимално сум посветена како на децата така и на сопругот . Благодарение на поддршката од семејството јас и понатаму можам да си ја работам професијата што ја сакам и преку концертите и настапите да и се оддолжам на мојата публика која со години наназад е со мене и мојата песна. Понекогаш е навистина тешко да се поклопат сите коцки, но се трудам и најчесто успевам да постигнам се. Во целата оваа приказна покрај сопругот несмеам да ги заборавам свекрва ми и мајка ми кои во секој момент се со нас, поточно со нивните внуци. Така ќе биде и за овој период во кој имам повеќе патувања. Калија најголем дел од времето ќе го минува кај мајка ми во Прилеп, а Софија и Марко ќе бидат во Охрид со свекрва ми и татко им.,, вели Елена.