Од денес, па во наредните седум дена Струмица ќе дише во духот на карневалските маски а главното дефиле е на први март. На Струмичкиот карневал годинава ќе продефилираат над 2.500 маски. Годинава, како што истакна претседателот на органзациониот одбор, Александар Цицимов, во Интернационалната поворка ќе продефилираат 41 група под маски.
Организаторите очекуваат рекордна посетеност на ова традиционална карневалска манифестација,која одбележува 20 години од приемот во Интернационалното здружение на карневалски градови.
Еве ја програмата за карневалските денови во Струмица
четврток, 27.02. 12:00 часот - Доделување награди од литературниот конкурс на тема „Карневал“ во ЛУБ „Благој Јанков Мучето.
четврток, 27.02. 19:00 часот- Отворење на Изложба „Фотографии од Струмичкиот карневал 2013“ во НУЦК „Антон Панов“.
четврток, 27.02. 20:00 часот - „Концерт под маски“ на Музичкото училиште „Боро Џони“ во НУЦК „Антон Панов“.
петок, 28.02. 21:00 часо- Свечено отворање на Струмичкиот карневал со Маскенбал во Хотел „Сириус“ Струмица.
сабота, 01.03. 15:00 часот -Карневалска „Олдтајмер“ парада низ булеварите во центарот на Струмица.
сабота, 01.03. 17:00 часот -ГЛАВНА КАРНЕВАЛСКА ВЕЧЕР – Интернационална карневалска поворка.
сабота, 01.03. 22:00 часот -Целовечерна карневалска забава „Гаража парти“ во подземната гаража под плоштадот.
недела, 02.03. 11:00 часот -Традиционален Детски карневал по повод „Прочка“ на плоштадот „Гоце Делчев“.
понеделник, 03.03.13:00 часот -Традиционална програма по повод Чист понеделник, варење на бел грав на плоштадот.